About us
ЗОШТО АДОРА? КВАЛИТЕТ ПО СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ Високиот квалитет на нашите недвижности е резултат на следењето и примената на светските стандарди и актуелни трендови во високата градба, современите технологии и сертифицирани материјали од афирмирани брендови и иновативните решенија, во што компанијата е предводник во државата и регионот. Адора не продава само m² станбен простор, туку домови со траен и долгорочен квалитет и комплетен комфор од сите аспекти, еко, светлосен, топлински и акустичен, чии придобивки за безбедно, квалитетно, економично, здраво и пријатно домување, ги уживаат повеќе генерации граѓани. Адора инженеринг е добитник на највисоката награда „Македонски квалитет 2018“ за долгорочно унапредување на квалитетот и традицијата во создавање и одржување на национален бренд. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЕКОНОМИЧНО И ЗДРАВО ДОМУВАЊЕ СО А-КЛАСА ЕНЕРГЕТСКИ СЕРТИФИКАТ Адора инженеринг е пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на енергетски ефикасните домови во Македонија, кои компанијата ги гради 13 години, уште кога оваа материја не беше законски регулирана кај нас. Компанијата го изгради првиот енергетски ефикасен објект кој го доби првиот издаден сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа во Македонија. Енергетската ефикасност постојано се подобрува и усовршува на секоја новоизградена зграда. Добиениот сертификат за најновиот станбен објект Аеродром Црква 3 со показател од 19,33 kWh/m²a, покажува дека овој тој е речиси за 6 мерни единици над горната пропишана граница за енергетска А-класа. Адора прва ги воведе во Македонија фотоволтаичните системи, со користењето на обновливите извори на енергија, за осветлување на заедничките делови во објектите и ноќна илуминација, за што станарите не добиваат посебни сметки за струја. Адора Flatiron Скопје е првиот станбен објект во Македонија кој е обложен со органска фасада од светскиот бренд STO, реномиран производител на фасади со иновативни технологии, со што е обложен и објектот Адора Diamond Garden. Адора инженеринг има добиено 8 национални награди од Министерството за економија на Р. М, за изградба и унапредување на еко домовите, за заштита на животната средина, за заштита од звучното загадување, за изградба на најголемата внатрешна градина во Европа, за придонес во изградба на зелените градови.
contact
website
location
Орце Николов - 182 А, 1000 Скопје, Македонија