Nelkoski Organic Food

Type

Business

Country

Macedonia

Last Update: March 26, 2022

About us

Дедо Спасе беше човек кој го пропатувал целиот свет. Но, ехото на татковината го натера повторно да се врати во родниот крај, поточно Драслајца, преубаво село близу Охридското Езеро. Неговите авантури беа причина целото село да се собере во неговиот двор и до доцна во ноќта љубопитно да ги впива приказните за петте континенти. А, какви само приказни умееше тој да сплете...

Во малата, но совршено уредена градина на Дедо Спасе имаше различни сорти на дрвја. Но сепак, нему омилени му беа петте лески кои ги негуваше со посебна љубов, а неретко карактеристиките на лешникот знаеше вешто да ги искористи како метафора во своите приказни... Дедо Спасе раскажуваше дека лешникот му дава сила, енергија, но и му го варди Умот, затоа и можел до доцна во ноќта да раскажува приказни, а през ден да работи полн со енергија. За лешниците велел дека ги јаде ЗА-УМ. Така и во семејството остана приказната - ЗАУМ. Приказна која се пренесува од колено на колено и трае повеќе од 150 години.

contact

location

Nelkoski Organic Food s.Draslajca, Struga, Macedonia