Organic Food Coop Good Earth

Type

Business

Country

Macedonia

Last Update: March 26, 2022

About us

Наша Добра Земја е првата задруга на потрошувачи во Македонија. Како основачи на задругата сме засегнати за општествените процеси во Македонија, нивното влијание врз здравјето на луѓето, растурањето на локалните заедници и сузбивањето на локалните иницијативи. Како главен “чадор” елемент ни преставува загадувањето и несвесното (неразумно) користење на природните ресурси и нивно бескрајно загадување.

index10Свесноста за сегашниот и идниот ефект од овие факти врз нас и нашто најблиско опкружување не натера да иницираме организација која ќе се обиде да биде светол пример на повеќе полиња од нашето постоење, а во врска со храната. Не поради друго, највеќе поради тоа што сметаме дека нема друга опција а да се прави компромис со личното здравје и здравјето на нашата заедница – е веќе недопусливо.

Во зависност од аспектот на “успешност” и точката на гледање на истата, не отстапуваме од она кое внатрешно го чуствуваме како “треба да биде”. Растеретени од “раст” и акумулација на профит, сме во голема предност во насока на постоење според модел (на задруга) кој веруваме може да реши доста постојни проблеми во снабдувањето и производството на храна денеска.

Темите кои ги опфаќаме со нашето работење (нашите “слаби точки”) се премрежуваат со повеќе науки/дисциплини обединети можеби во фразата “еколошки и општествено одржливи системи за локален суверенитет во исхраната”.  Сакаме да поставиме организација која ќе биде што е можно повеќе хоризонтално поставена, трансарентна и социјално и општествено ориентирана. Постоиме за да поставиме алтернатива на на постојниот систем на производство, дистрибуција и консумација на локална храна.

contact

location

Dresden br. 15 1000 Skopje, Republic of Macedonia