Bellina Bio Shop

Type

Business

Country

Macedonia

Last Update: March 26, 2022

About us

Како компанија на пазарот постоиме од март 2016-та година и оттогаш па сè до ден денес безусловно ги следиме идејата и визијата, кои беа пресудни да ја создадеме Белина, а тоа е да го подигнеме нивото на Македонскиот пазар во сегментот на козметиката, на ниво на развиените Европски и светски држави. 

Неспорен е фактот, дека во Европа и во светот, трендот на насочување кон здравиот начин на живот, не е веќе нешто што се смета за модерно или луксузно, туку едноставно веќе одамна има преминато во „lifestyle“ или во начин на живот. Ова ги опфаќа сие сегменти на животот, од исхраната, слободните активности, вежбањето, медитацијата, па сè до козметиката која секојдневно ја користиме и конзумираме преку нашиот најголем орган – кожата. 

Белина преку својот богат избор на природна и органска козметика, се стреми да ви го овозможи токму тоа – делотворни производи, кои се истовремено и ефикасни и безбедни по вашето здравје. И најважно од сè, нашата козметика е сертифицирана, односно логоата на независните сертификатори, кои се наоѓаат на амбалажите на самите производи, гарантираат за квалитетот кој ви се нуди. 

contact

location

st. Naroden Front br.3 / 3 Lok.2 nas. Kapistec, Skopje